Ставревски: Ќе продолжиме со реализацијата на Јужен тек

Вицепремиерот Зоран Ставревски денеска најави дека Македонија ќе продолжи со реализацијата на Јужен тек, така што е најавено, со тоа што ја поттикнува Европската комисија и Русија да отворат директен дијалог, односно Гаспром и ЕК за решавање на сите прашања што Европската комисија ги потегна во однос на реализизацијата на овој крупен меѓународен проект.

- Очекувам преку директен дијалог, Европската комисија и Гаспром да ги решат отворените прашања, истакна вицепремиерот Ставрески по пуштањето во употреба во две улици во Кочани.

Ставревски по Кочани, заминува во работна посета на Пехчево.

09.12.2013 - 13:45
Фото: 
емагазин

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега