Германија: Невеста се налути за цената на свадбената фризура, па со автомобилот го удри возилото на фризерот

 

Германска невеста го демонстрираше својот гнев поради прескапата свадбена фризура пред венчавката овој викенд удирајќи во автомобилот на нејзиниот фризер, соопшти полицијата.

Најпрво бесната 32-годишна жена излегла од фризерски салон во градот Хоф во јужната провинција Баварија без да ја плати целата цена за нејзината фризура, извести полицијата. Потоа удрила во автомобилот на фризерот.

Полицијата ја гони за два прекршоци. Портпаролот не можеше да каже дали жената сепак се омажила тој ден.

Според истрагата, невестата одбила да плати повисока цена за свадбениот стајлинг во саботата. Наместо тоа, таа само ја фрлила сумата за редовно шишање и бесна излегла од салонот.

После тоа, според очевидци, жената со вел на главата удрила во паркиран автомобил пред салонот, а потоа побегнала од местото на несреќата.

27.02.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега