Зеленски: Знам кој ќе го убие Путин

 

„Знам кој ќе го убие Путин на крајот, тоа ќе биде некој од неговиот најтесен круг на блиски советници“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во документарниот филм „The Year“ на украинскиот новинар Дмитро Комаров.

Володимир Зеленски предвидува дека во одреден момент ќе дојде до пукнатина во раководството на Путин, што ќе ги охрабри сојузниците на рускиот претседател да се свртат против него.

Неодамна, во интервју за германски „Шпигел“, Зеленски рече дека верува оти Путин се однесува како Хитлер и дека Украина и другите земји нема да му простат за злосторствата што ги направил.

Иако рускиот претседател одржува близок круг на блиски соработници, дошло до раскол меѓу платениците на Вагнер и руската војска.

Двете страни ја обвинуваат другата страна за воените неуспеси на Русија во Украина.

Во декември, Вашингтон пост објави дека најблиските сојузници на Путин се повеќе се фрустрирани од него. Очигледно немаат поим што прави и немаат солиден план за напредок во Украина.

Зборувајќи за Дејли Бист во текот на летото, поранешниот службеник на ЦИА, Даниел Хофман, рече дека соборувањето на Путин од неговите сојузници ќе биде ненадеен и прикриен потег.

„Момците кои ќе го направат тоа ќе бидат многу таинствени, за Путин да не ги најде и убие прво. Тоа ќе се случи одеднаш“, смета Хофман,пренесе Денес.рс

27.02.2023 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега