Заев го честита денешниот празник

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан во која нему, на  Синодот, на свештенството и монаштвото и на сите православни верници го честита големиот христијански празник посветен на родоначалникот на словенската литература, првиот словенски епископ и втемелувачот на Охридската архиепископија - Св. Климент Охридски.

- Свети Климент, основачот на Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа, творецот на кирилското писмо, со своето дело ги задолжи словенските народи. Неговото црковно, книжевно и просветно творештво го осветли патот на многу нации во светот и им даде мотив и сила за висок цивилизациски развој. Почитувањето и чествувањето на ваквите големи празници е темел за зачувување и унапредување на македонската култура. Само така македонското општество создава иднина во која ќе се применуваат универзалните вредности и цивилизациски придобивки од македонските просветители, се вели во честитката.

08.12.2013 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега