Потресна приказна: Дошле да основаат семејство, но загинаа прегрнати во кревет под урнатините од земјотресот

 

 

Меѓу загинатите во разорниот земјотрес што го погоди турскиот град Искендерун е и брачната двојка Алекс и Вероника Илгин, кои дошле во Турција од Орландо, Флорида.

Алекс бил брокер за хипотеки, а неговата сопруга медицинска сестра. Тие се венчале минатиот јули, а во јануари дошле да живеат во родниот град на Алекс, Искендерум, за да го започнат процесот на вештачко оплодување и да основаат семејство.

Алекс и Вероника живееле во петкатница во Искендерун, која била срамнета со земја во земјотресот.

– Братот на Алекс ги бараше со спасувачката екипа. Ги нашол под урнатините, гушнати во кревет, под бетонската плоча. Немале време ниту да станат, изјави најдобриот пријател на Алекс, Василиус Поулос, пренесува Дејли Меил.

 
14.02.2023 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега