Во Белград е соборен Гинисов рекорд- се собраа најмногу девојки со исто име и презиме
Во Белград во петокот е соборен Гинисовиот рекорд кој претходно бил поставен во Токио во 2022 година, кога на едно место се собраа 178 луѓе со исто име и презиме Хироказу Танака.
Сега уште повеќе луѓе со исто име и презиме се собраа во главниот град на Србија – Милица Јовановиќ.
На собирот присуствувале дури 256 жени, а веста за соборување на рекордот на Инстаграм ја потврдил Роберт Чобан, директорот на компанијата која го организирала соборувањето на рекордот.
„Соборен е Гинисовиот рекорд! Благодарение на Милица“, напиша тој.
Во трговскиот центар Биг Фешн се собраа Милиците, а на соборувањето на рекордот присуствуваше и претставникот на Гинисовата книга на рекорди, Глен Полард, кој на организаторите им предаде сертификат со кој се потврдува новиот рекорд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа