Планинарски марш до Водно за Европскиот ден на знамето
По повод одбележувањето на Европскиот ден на знамето, Европското движење на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ денеска организираат планинарски марш до Водно.
Според програмата на организацискиот одбор, поаѓањето е предвидено во 8 часот од ЕУ Инфоцентарот, по што учесниците на маршот ќе се упатат кон Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Предвидено е Иванов и шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав да ги разменат знамињата на Република Македонија и на Европската унија. По што учесниците ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе се постават двете знамиња.
- Освен церемонијалниот карактер, оваа манифестација има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, се вели во соопштението од Европското движење на Република Македонија.
На планинарскиот марш се поканети да учествуваат повеќе планинарски друштва, ученици и родители од основните училишта од општина Аеродром, граѓани...
Маршот е дел од активностите за одбележување на 9 Мај - Денот на Европа.
ФОТО: Точка