Маскиран вооружен и опасен крадец го испразни казиното „Сенатор“

 

Маскиран и вооружен разбојник вчера го ограбил казиното „Сенатор“ лоцирано на булеварот „Октомвриска револуција“ во Скопје.

Како што информираат од МВР, разбојникот кој носел фантомка на главата и заштитна кацига за мотор во раката, влегол во казиното, им се заканил на вработената М.Н. (22) и хигиеничарката С.Д.(48), ги земал парите од нив и избегал,

Крадецот си заминал со 200.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

07.12.2013 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа