Реконструкција на неколку патни правци низ Македонија
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот наместо по една, сега се одвива по две коловозни ленти (направен е бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). За тоа има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на патниот правец Гостивар - Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила.
Патниот правец Р-504 Ресен - Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај
На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес - Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
Патниот правец Р-103 Неготино - Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Информација за движење на патниот правец Р 104 Скопје-М.Брод преку н. Јасен од 01.04.2013год. Скопје-М.Брод од 06:00 – 09:00 часот и од 16:00 – 18 часот. М. Брод-Скопје од 05:00 – 06:00 часот и од 18:00 – 20 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ ги информира сите корисници дека излезе нова верзија на АМСМ мобилната апликација наменета за андроид и ајфон мобилни телефони, во која на само еден допир на располагање им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и слично. АМСМ мобилната апликација може бесплатно да се симне на Гугл плеј и Еп стор.