Најмалку 15 војници загинаа во пожар во касарна во Ерменија
Најмалку 15 војници загинаа, а тројца се повредени во пожар во касарна на истокот на Ерменија, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Министерството соопшти дека тројца повредени војници се во тешка состојба.
Пожарот избувнал околу 1:30 часот утринава по локално време (23:30 часот по средноевропско време) во селото Азат во источниот регион на Гегаркуник. Причината се уште не е утврдена.
Кавкаската земја со околу три милиони жители сè уште се опоравува од тежок пораз во конфликтот со соседен Азербејџан во 2020 година за регионот Нагорно-Карабах и политичката криза што следеше.
Иако големите борби за таа област завршија, се уште има тензии меѓу двете земји околу границата,пренесе Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа