Опасниот убиец Панда уапсен во близина на неговиот дом

Во текот на едно деноноќие Алфите приведоа 7 лица, меѓу кои и Јордан Малденовски-Панда кој пред 12 години ја уби својата бремена сопруга. Панда кој се лекува во психијатриската болница во Демир Хисар, бил пуштен на викенд.

-Според информациите кои ги добивме од полициската станица во Демор Хисар, истиот бил пуштен на викенд, но не се вратил по што беше распишана потерница. Вчера на улицата „Тодор Чангов“ во Кисела Вода во близина на неговиот дом истиот беше лоциран со автомобил „Мерцедес“ како го управува, по што беше запрен од мобилната единица и лишен од слобода, истакна денеска Иво Котевски.

Вработените кои го пуштиле Панда од болницата, ќе си заработат кривична пријава.

 

06.12.2013 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега