ВИДЕО: Запознајте ја модерната Алиса во земјата на чудата!

 

24-годишната Ебигејл Мос понекогаш се чувствува како ликот од популарната книга на Луис Керол, а  неодамна дозна дека не е единствената која страда од пораметувањето кое го носи  името по познатат книга.

Таа знае точно како се чувствувала  Алиса во земјата на чудата кога почнува нагло да расте и да се смалува. Ебигејл боледува од синдромот „Алиса во земјата на чудата “(АИВС) што е ретко нарушување шти влијае на перцепцијата и видот, па нејзе предметите нагло исе зголемуваат и намалуваат.

Ебигејл ја сфатила својата болест откако ја гледала серијата „Др.Хаус“ и прочитала статија во весниците. Болеста која го добила името по главниот лик од романот на Луси Керол од 1865 година прави пациенти да проаѓаат низ слично искуство како на Алис кога пие од вошебната напивка. Британката овие чудни халуцинаации почнала да ги дожувува на пет години.

„Кога бев помлала, тие напади ми беа секојдневие и беа многу застрашувачки“, вели модерната Алица.

Нападите на АИВС траат околу 20 минути, а и таткото на Ебигејл имал слично искуство и слични халуцинации.

Ебигејл посетила шест психијатри пред да и биде дијагностицирана оваа болест. Состојбата и се поправила во текот на годината и сега има само по пет напади годишно.

„Во серијата „Хаус“ еден пациент ја имше оваа болест. Веднаш го повикав татко ми и му кажав дека знам од што боледуваме и дека нашата болест има и стручно име. Со години лекарите се збунуваа со мојата состојба“, раскажува таа.

Лек за оваа болест сеуште не е измислен.

06.12.2013 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа