ФОТО: Куче и лисица во борба против трговијата со крзно
Лисицата Снифер и кучето Тини се запознале при прошетката во една шума во Норвешка , а нивното пријателство го натерало сопственикот на кучето, Торгер Берг, да започне кампања против трговијата со крзно. Тој планира да напише книга за необичното пријателство помеѓу куче и лисица. Целта на оваа кампања е дека ниедно животно не смее да живее во услови во какви што живеат животните во индустријата за крзно, а дел од заработката имаат намера да ја дадат да ги спасат лисиците ширум светот.
"Зошто некои животни мора да живеат во кафези, лишени од слобода, само затоа што човекот сака да изгледа подобро", стои во описот на кампањата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа