Момчето кое украде дел од „Поршето“ во кое загина Пол Вокер зад решетки
Уапсено 18-годишно момче во Лос Анџелес, кое украло дел од автомобилот „Порше карера ГТ“, во кој загина ѕвездата на „Брзи и бесни“ Пол Вокер.
Откако веста за трагичната смрт на актерот Пол Вокер и неговиот пријател Роџер Родас минатата сабота ја потресе светската јавноста, се случи кражба на дел од автомобилот, во кој загинале.
Додека камионот, кој ги превезуваше остатоците од возилото од местото на несреќата, стоел на семафор, од еден автомобил истрчал совозачот и од камионот украл дел од покривот на поршето.
Возачот на камионот ги запомнил регистарските таблички на автомобилот, така што полицијата набргу го открила крадецот. Совозачот бил 18-годишниот Џемисон Вити, кој веднаш е уапсен, а со возилото управувал негов пријател, кој во моментов е надвор од државата. Тој со полицијата се договорил дека ќе се предаде ведаш, откако ќе се врати.
Вити е обвинет за кражба и неовластено допирање на доказен материјал, а одредена му е кауција во износ од 20 илјади долари.
Вити фотографијата со украдениот дел од покривот на поршето ја објавил на својот Инстаграм профил
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа