Експлозија на гасовод кој минува од Русија преку Украина

 

Најмалку три лица загинаа во експлозија која го потресе гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород, кој минува од Русија преку Украина, објави руската медиумска групација РБЦ.

Регионалното министерство за вонредни ситуации во Руската Чувашка Република, каде што се случи несреќата, во близина на градот Казањ на Волга, соопшти дека добиле повик за пожар на гасовод, без да го прецизира името на гасоводот, пренесува „Ројтерс“.

„При изведување на градежно-монтажни работи, евентуално реновирање, дошло до експлозија. Сега итните служби ги преземаат сите приоритетни мерки, бидејќи е невозможно веднаш да се пријде на местото на настанот“, велат надлежните.

Експлозијата се случила во 13 часот и 44 минути по локално време во близина на селото Џамбактино.

20.12.2022 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега