Градоначалникот на Љубљана заврши во болница - демонстрант го испрска со солзавец

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ заврши во болница, откако во центарот на словенечкиот град бил испрскан со солзавец од страна на еден демонстрант во протестите кои се оддржуваат во знак на поддршката на антикорупциската комисија, чии членови неодамна поднесоа оставки.

Јанковиќ по три часа поминати во болница бил пуштен на домашно лекување, а освен него бил хоспитализиран и еден полицаец, исто така поради напад со солзавец.

Полицијата соопшти дека се уште трага по лицето кое на вчерашните протести употребило солзавец.

 

06.12.2013 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега