Велес: Снимката стигнала до директорот - професор обвинет дека имал секс со средношколка
Директор на средно училиште во Велес, добил аудио снимка на социјалната мрежа „Фејсбук“ од непознат профил за наводен сексуален однос меѓу професор од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“-Велес и ученичка во истото средно училиште, информираат од СВР Велес за Прес24.
„На ден 14.12.2022 година во Полициската станица во Велес, Директорот на СОУ „Кочин Рацин“ во Велес пријавил дека на ден 15.10.2022 година преку социјалната мрежа „facebook” од непознат профил добил аудио снимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче, а потоа добил и смс порака со заканувавчка содржина доколку не превземе мерки против професорот“, инфомира портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев за Прес24.
Се работи на расчистување на случајот, додава Самарџиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа