Хуманата страна на актерот Пол Вокер
По смртта на Пол Вокер на неговата фејсбук страница се појавија многу приказни за неговата хуманитарна работа. Но најмногу внимание привлече приказната за Ирене Кинг, поранешна работничка во златарница во Санта Барбара.
Имено, Пол уште во 2004-та година околу Божиќ, влегол во продавницата во која работела таа, а Ирене тој ден ќе го памти засекогаш. Не поради тоа што го запознала Вокер, туку поради тоа што тој го сторил.
Актероит бил во продавницата кога млад пар влегол, барајќи веренички прстен. Кајл Уфам токму во тој период се вратил од првата мисија во Ирак и купувал прстен за неговата вереница, чие око фатило прстен од 9000 долари, но за жал немале толлку пари.
Пол го слушнал ова и и рекол на Ирене: Ставете го тоа на мојата сметка. Откако си заминал, сопственикот му се јавил на парот и им кажал да се вратат по прстенот.
Иако Ирене ветила дека никогаш нема да го открие идентитетот на купецот, по смртта на Вокер, заклучила дека е време светот да дознае за неговото добро и хумано дело. Кристен и Кајл Уфам исто така се јавиле откако приказната стана хит на Интернет.
Приметивме дека има уште некој во продавницата, но не размислував на тоа. Подоцна сфативме дека е Пол Вокер и малку си поприкажавме, а Кајл спомна дека штотуку се вратил од Ирак. Се сеќавам на лицето на Вокер. Се трансформираше“, изјавила Кристен.
Кога Ирене им се јавила напарот да се вратат по прстенот сакале да дознаат кој платил за тоа, но сопственикот не им кажал. Парот вели дека отсекогаш се сомневале дека станувало збор за Вокер, но не биле целосно сигурни. Се додека Ирене не ја објавила приказната на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа