Почина Нелсон Мандела

Вечерва на 95-годишна возраст почина борецот за човекови права и поранешен јужноафрикански претседател Нелсон Мандела

Актуелниот претседател на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума ја потврди веста за смрта на Мандела.Тој пред неколку месеци беше хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болницата во Преторија, каде се лекуваше од тешко воспалување на белите дробови.

Во 1993 година ја доби Нобеловата награда за мир, а во следната 1994 беше избран за првиот црнечки претседател на Јужноафриканската република.Пет години подоцна се повлече од функцијата, препуштајќи им ја помладите од себе, а во 2004 година се повлече од јавниот живот. Последен пат се појави во јавноста во 2010 година, на отворањето на Светското фудбалско првенство. Мандела долги години страда од проблемите со белите дробови. Во осумдесетите години на 20 век, тој беше лекуван од туберколоза, додека ја издржуваше казната доживотен затвор, на островот Робен.

06.12.2013 - 00:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега