За еден ден 11 сообраќајки во Скопје
Сообраќајната полиција во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје извршила увид за 11 сообраќајни незгоди. Во шест од сообраќајките била предизвикана само материјална штета, во четири полесно се повредени 11 лица, а се случила и една несреќа во која во една од несреќите во која едно лице заработило тешки телесни повреди.
Како што информираат од полицијата, несреќата се случила вчера во 7:25 минути на крстосницата од булевар „ВМРО“ и улица „Орце Николов“ во која учествувале патничко моторно возило „хундаи“ со скопски регистарски таблички, управувано од скопјанец и пешак исто така од Скопје. Пешакот заработил тешло телесни повреди.
Од МВР информираат дека се случиле уште седум незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција спровела контрола на брзината на движење на возилата при што биле санкционирани 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Седуммина од непослушните возачи возеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.
Санкционирани се и петмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, деветмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 22 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила во зона на крстосница, на автобуските стојалишта и на пешачките премини.
Специјалните возила „Пајак“ вчера отстраниле 43 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа