Амбасадорката Руси-Поповска оддаде почит на загинатите во автобуската несреќа на автопатот Струма
Амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, оддаде почит на 45 македонски државјани загинатите кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма, пред точно една година, јави дописникот на МИА од Софија.
Придружувана од заменик-амбасадорот, Владимир Крстевски и други претставници на Амбасадата во Бугарија, Руси-Поповска положи букет на местото на несреќата.
Сите бугарски централни и регионални медиуми денеска со посебни прилози потсетуваат на овој трагичен настан, а во некои има и изјави на роднините на загинатите, кои го поставуваат прашањето за одговорноста.
Бугарскиот адвокат на роднините на починатите државјани на Северна Македонија го поставува прашањето за квалитетот на автопатот Струма и стабилноста на заштитните огради.
Во автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски државјани, кои се враќаа од Истанбул кон Скопје со автобус на „Беса транс”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа