Тимот на Перо Антиќ се радуваше на победа

Атланта ноќеска на домашен терен оствари победа над Лос Анџелес Клиперс со 107:97 . Нашиот кошаркар Перо Антиќ на овој натпревар остана на клупата.

Одличниот удар за три поени (52 %) им донесе предност на домашните играчи, за разлика од нив ЛА Клиперс имаше скоромни (21 %). Најефикасен беше играчот на Атланта Пол Милсап со 25 поени. Кајл Корвер постигна 23, од кои шест „тројки“ и со ова се изедначи со Дана Барош со постигната „тројка“ на 89 натпревари во серија. Кај гостите најпрецизен беше Блејк Грифин со 24 поени, додека Крис Пол имаше 19 поени и 11 асистенции.

Инаку, вечерва се играат три натпревари Бруклин - Њујорк, Мемфис - ЛА Клиперс и Чикаго - Мајами.

05.12.2013 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега