Пол Вокер речиси целосно изгорел во автомобилот - еве што покажа обдукцијата

 

Резултатите од обдукцијата на актерот Пол Вокер кој пред неколку денови го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа, покажа дека 40-годишната ѕвезда на филмот "Брзо и бесни" починал од сериозните повреди со кои се здобил при ударот на автомобилот, а потоа неговото тело изгорело до непрепознатливост по експлозијата која следувала. 

Телото на актерот било речиси целосно изгорено, а доколку автомобилот не експлодирал, можеби актерот ќе преживеел. 

По трагедијата останаа отворени многу прашања, дали автомобилот бил исправен, дали актерот и неговиот пријател учествувале во улична трка.....додека дел од очевидците на настанот велат дека пред експлозијата се слушнал звук како да пукнала гума, по што колата удрила и потоа експлодирала.

За потсетување, заедно со актерот животот го загуби и неговиот пријател кој го возеше автомобилот, Родас, кој зад себе остави 8-годишен син, додека Вокер зад себе ја остави својата 15-годишна ќерка.

 

05.12.2013 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега