„Пиј музика, слушај вино“ - вински фестивал во Скопје

 

Започнува во петок третото издание на Винскиот саем во Метрополис арената. на саемот ќе биодат претсавени 12 винарии од кои 10 се од Македонија и една од Франција и една од Италија, и пет произведувачи на млечни, пекарски и месни производи.

Фестивалот на виното организиран од Скопски саем под мотото „Пиј музика, слушај вино“ ќе понуди вина и мезе по промотивна цена и богата музичка програма. Работното време ќе биде од 17 до 1 часот по полноќ, а според најавите од организиторите, ќе може да биде продолжено доколку има доволно луѓе кои се забавуваат. Влазницата во секој од трите саемски дена ќе чини по 100 денари.

Во рамките на Саемот за вино ќе се организираат и интерактивни работилници, а в петок од 17 часот ќе се одржи и најголемата забава после работно време на која се поканети сите поголеми македонски компании.

Официјалната музичка програма ќе започне в петок од 19 часот со настапот на Жаклина Стефковска, во 21 часот ќе настапи Драган Мијалковски, а од 23 часот Нокаут. В сабота ќе биде изворно-народен чалгиски ден со настап на Скопски чалгии, Чалгија саунд систем и Нино Величковски со Кумановски тамбураши. В недела ќе настапат Трио Симон Киселички, Стринг Форсис и Фрајле. По потреба после 1 часот по полноќ и секој од трите дена од 17 до 19 часот присутните ќе ги забавува диџеј Џон Антонио

04.12.2013 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа