Ужасно: По 17 години и стигнала порака дека нејзиниот син е продаден!

Ранка Инга Студиќ од Сараево и нејзиниот сопруг Здравко со години мислеле дека нивниот син умрел веднаш по раѓањето во 1992 година, меѓутоа, еден анонимен повик промени се. Непозната жена им соопштила на брачниот пар дека нивниот син е продаден и дека денес живее во Швајцарија.

Еве ја пораката која и стигнала на Ранка:

- „Дали вие сте Ранка Студиќ бегалка од Сараево која се породи во Јагодина на 7 јули 1992 годинаво шест часот навечер?

Кога Ранка и одговорила на анонимната жена дека таа е она, жената и вратила дека повеќе не може да живее со товарот и продолжила:

- Вашето дете е живо, неговото име е Ратко и живее во Швајцарија. Тој е продаден во богато семејство.

Како што пренесува „Блиц хр“ денеска ранка и Здравко живееат во Швејцарија и веќе четири години безуспешно трагаат по синот.

- Веруваме дека нашиот син го имаат посвоено Срби кои живееат во Швајцарија- рекол Здравко, но тоа го има заклучено по името кое го носи нивниот син.

 

 

 

 

04.12.2013 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега