Нови 40 решенија за легализација на дивоградби во Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец - Алексиќ денеска врачи 40 решенија за легализација на дивоградби.

Беличанец - Алексиќ ги повика граѓаните кои се уште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, за во  најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби: - Општинската градежна инспекција е постојано на терен и секоја нелегална градба која ќе се детектира, а не е подведена под законот за третман на бесправно изградени објекти, односно нема легална документација за градба, веднаш ќе биде срушена. Под ова се подразбира секоја доградба и надградба на постоечките нелегални објекти, но и секоја нова градба која е започната, а е со некомплетна документација и не се гради во согласност со нормативите на Законот за градење, истакна Беличанец - Алексиќ.

Со ова, бројот на легализирани објекти во општината надмина 2.200.  

04.12.2013 - 11:34
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега