За еден ден 10 сообраќајки во Скопје - повредени две лица

Сообраќајната полиција во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје извршила увид на 10 сообраќајни незгоди. Од нив осум се со материјална штета, а во две има повредени возач на автомобил и пешак.

Во текот на вчерашниот ден преземени се мерки кон 12 пешаци кои преминале вон обележан пешачки премин или, пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци и петмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Преземените се и мерки кон 10 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, седуммина кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 17 возачи кои непрописно ги паркирале возилата на пешачките премини, автобуските стојалишта и во зона на крстосница. Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле 62 возила кои го попречувало нормалното одвивање на сообраќајот.

 

04.12.2013 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега