„Фукушима“ денеска е најрадиоактивна по хаваријата од 2011

Како што соопшти компанијата ТЕПКО. концентрацијата на радиоактивни материи во подземните води околу јапонската нуклеарна централа „Фукушима-1“ денеска највиско највисоко ниво од времето на хаваријата во март 2011 година.

Според податоците на ТЕПКО, како што јави ИТАР-ТАСС, нивото на радијација на примероци на вода земени од техничкиот извор, што се наоѓа источно од вториот енергетски блок, изнесува 1,3 милиона бекерели на литар. Дозволеното ниво на радијација во течностите што се излеваат во океанот е 60.000 бекерели.

Од водата се лачи силно бета-зрачење, што покажува дека таа содржи стронциум-90 и тритиум, се анведува во соопштнието на ТЕПКО.

Компанијата појаснува дека можна причина за зголемувањето на концентрацијата на радиоактивни материи во подземните води е оштетување на пумпите.

Истекувањето радиоактивна вода е еден од главните проблеми со кои се соочуваат експертите кои работата на отстранување на последиците од хаваријата во „Фукушима-1“. Во подземните простории на енергетските блоковите, во дренажниот систем и во специјалните резервоари на територијата на централата се собрани повеќе од 360.000 тони вода што содржат различен степен на радиоактивни материи.

04.12.2013 - 09:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега