ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчеше додека пред него македонскиот народ го нарекоа северномакедонски
„Ковачевски молчеше додека пред него македонскиот народ го нарекоа северномакедонски, а јазикот е признаен со децении и тоа не е ново постигнување. Македонскиот јазик е кодифициран пред повеќе од половина деценија, Ковачевски да не измислува топла вода, лагите не поминуваат. Поголем проблем е тоа што молчи додека пред него за македонскиот народ, се изразуваат како северномакедонски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека тоа што македонскиот јазик и народ се загрозени е само вина на СДСМ.
„Заев е човекот кој ги наруши Македонските позиции, и допринесе Македонскиот идентитет и јазик да бидат оспорувани, со изјавите од типот еден народ, ист јазик. За влез во ЕУ не е доволно да се спроведува поданичка политика спротивно на интересите на својот народ, всушност тоа не е ниту услов. За влез во ЕУ е потребна борба против криминал и корупција, која во Македонија со Ковачевски ја нема, инвестиции и развој. Во ЕУ не може да се оди со 123 функционери кои кријат имот, ниту со премиер кој е фатен во центарот на аферата Броило. Во ЕУ не може да се оди ниту со дезертер премиер, зошто во земјите членки на ЕУ е гордост да се служи на сопствената држава. Во ЕУ не се оди со нерасчистени убиства, кражби од полициски станици кои остануваат неразјаснети. Ниту пак се оди со лоша земјоделска, образовна, здравствена и социјална политика“, порачаа од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа