Куче откри малолетник кој брутално силувал девојка

17- годишнио Ж.С од БиХ е осомничен дека силувал сограѓанка, која е пренесена во болница поради тешките повреди. Бруталното силување се случило во неделата околу 2 часа наутро во Модрича.

Од неофицијални информации, тешко повредената девојка околу два часот по полноќ ја пронашол случаен минувач, кој бил шокиран од глетката. Тој ја пренесол во болница и веднаш повикал полиција.

Од весникот „Независни“ дознаваат дека полицијата до напаѓачот дошле со помош на полициско куче.

Извор близок на полицијата  изјавил дека жртвата се бранела колку можела, по тоа сведочат и многубројните повреди по нејзините раце дури и биле скршени прстите.

 

 

 

03.12.2013 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа