Актерот Пол Вокер не учествувал во улична трка

Откако во јавноста протече шпекулацијата дека Пол Вокер и неговиот пријател Роџер учествувале во улична трка и дека до нив имало уште едне автомобил од полицијата информираат дека  тоа не е точно и дека немало уште едно возило  кое било  дел од несреќата во која загина актерот .

Сепак, полицијата  смета дека брзината е најголемата причина за трагичниот крај на Пол и Роџер.

Знакот во којшто удрила колата означувал максимална брзина од 72 км/ч, а овој автомобил е прознатлив како тешко возило за управување дури и за најпрофесионалните возачи.

Сеуште  се прават аутопсии на остатоците извадени од местото на несреќата, а се чекаат и официјални податоци од рендгенските снимки на забите за да се потврди позитивна идентификација на починатите.

 

03.12.2013 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега