Вонреден надзор: Инспекторите влегоа во просториите на Факултетот за бизнис економија Скопје

 

Од страна на Државен просветен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор над работењето на Приватната високообразовна установа - Висока стручна школа,  Факултетот за бизнис економија Скопје.

„При надзорот согласно нашите законски надлежности утврдено е дека во установата нема доволен број на наставници избрани во наставни звања кои се во работен однос со полно работно време, за реализација на наставната програма за академската 2022/23 година, за реализација на септемвриска испитна сесија во целост од академската 2021/2022 година, како и за усвојување или донесување на  акти и материјали за кои одлучува Наставничкиот совет и Директорот во рамките на своите овластувања согласно со одлуките на Наставничкиот совет.

За погоре констатираните неправилности ќе биде известен и Министерот за образование и наука на негово запознавање и понатамошно постапување“, велат од ДПИ.

Во однос на делот на отказите, од прегледаната документација при надзорот констаирано е дека се работи за престанок на работен однос на лица избрани во звање со Одлука за отказ без отказен рок, поради што истите се веќе препратени до надлежен орган, на нивно запознавање и понатамошно постапување, се додава во соопштението на ДПИ.

 

 

20.10.2022 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега