Хаос на скопските улици - 11 сообраќајки за едно деноноќие

Хаос на скопските улици во текот на изминатото деноноќие. Во Скопје се евидентирани дури 11 сообраќајни несреќи, но за среќа во нив нема посериозно повредени лица. Кај четири од сообраќајките е направена само материјална штета, во три од нив патниците се здобиле со полесни телесни повреди.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден во поглед на исправноста на уредите и опремата на возилата откри девет неисправни возила, а санкционира 10 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Исто така, преземени се 30 мерки за возачи, од нив за осуммина кои ги управувале возилата без возачка дозвола, за 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас и за 12 возачи го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, седуммина не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 18 непрописно се паркирале.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 79 возила кои биле непрописно паркирани и го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

03.12.2013 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа