Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без  струја утре ќе останат дел од скопските општини Карпош, Чучер Сандево и Сарај.

Од 9 до 15 часот без струја , ќе бидат потрошувачите од улиците „Хашка“, „Копенхагенска“, основното училиште „Братство“, објектот на ЗЕЛС, дел од „Женевска“ „Бриселска“ во Карпош, корисниците од село Кучевиште во општина Чучер Сандево и горниот дел од село Копаница во општина Сарај.

Според соопштението, од 13 до 17 часот без струја  ќе бидат корисниците од улица „Иван Аговски“ бр.1 во општина Карпош.

02.12.2013 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега