Кабинет на Пендаровски за Нивес Целзиус: Однесувањето зависи од личниот интегритет и домашното воспитување на гостите
Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски за Прес24 појасни дека хрватската старлета Нивес Жељковиќ, позната како Целзиус на прием била на покана на Спортското радио. Оттаму велат дека таа не прекршила никаков закон и нема простор за реакција на Кабинетот.
-По повод одржувањето на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ, во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот. Нивес Жељковиќ беше на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот. Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција, велат од Кабинетот на Пендаровски за Прес24.
Фотографијата и видеото кои таа ги објави на социјалните мрежи покренаа дебата на социјалните мрежи за нејзиното присуство во Вила Водно. На видеото се гледа како таа бакнува еден од гардистите пред влезот на резиденцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа