Полнете резервоари - од ноќеска поскап бензин

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78 денари, a на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари за литар. За денар и половина поскапува и Еуродизелот и ќе се продава по 70  денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари и ќе изнесува 59 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,289 ден/кг и ќе изнесува 41,092 денари за килограм.

02.12.2013 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега