Русија: „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ може да се поправат, но за тоа требаат време и пари
„Северен тек 1“ и „Северен тек 2“можат да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни многу време и пари, вели рускиот вицепремиер Александар Новак.
„Русија прво сака да открие кој е виновен за саботажата на гасоводите. Вакви инциденти немало досега“, вели тој.
Треба сериозено да се разгледаат сите закани во минатото кои ги имало кон гасоводот, вели Новак, а притоа мисли на САД, Украина и Полска.
02.10.2022 - 15:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа