На оваа адреса треба да ги испраќате фискалните сметки за наградната игра
Стартува наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ под покровителство на Министерството за финансии. Според правилата, треба да се испратат 20 фискални сметки во бел коверт, на следната адреса:
Државна Лотарија на Македонија Бул: „Гоце Делчев“ бр.8
Поштенски Фах 363
За наградната игра
Фискална во рака-награда без мака
Во ковертот на бел лист треба да биде напишано името на учесникот, неговото презиме, контакт телефонот и адресата. Овие податоци НЕ треба да стојат на самиот коверт.
Министерот за финансии Зоран Ставрески најави дека фондот на награди ќе се зголеми поради големата заинтересираност од граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа