ВМРО-ДПМНЕ: Основните продукти поскапеа за 50 отсто

 

„Владата на антимакедонската СДС го осиромаши народот, потрошувачката кошница не ја покриваат две минимални плати, основните продукти поскапи и за 50%“. Ова е потенцирано во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ испратено денеска до медиумите.

„Потрошувачката кошничка е 47 илјади денари. Минималмата плата е 18 илјади денари, две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот. Имено цената на маслото е зголемена за 46.7%, на лебот за 44.1%, на млекото за 26.9%, на јајцата за 26.9%, на сирењето и месото по 26.9% и 22.3%.

Потрошувачката кошница неможе да ја покрие ниту една просечна и една минимална плата. Сето тоа е заради инфлацијата, која владата не ја превенира со ништо.

Заради криминалот на владата, која не работи за народот туку за себе и 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден. Сите тие се на раб на сиромаштија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат: „Ситуацијата за поголемиот дел од народот дополнително ќе се влоши од есен, со почетокот на грејната сезона и скапите сметки за струја и парно, кои се високи затоа што власта не произведува доволно струја и плаќа скап увоз, и затоа што не набави на време гас.

Народот пати затоа што владата на антимакедонската СДС не работи, туку прави криминал“.


11.09.2022 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега