СДСМ: Референдумот е кукавичлук на Мицкоски

 

„Иницијативата за референдум е единствено за личен спас на фотелјата на Христијан Мицкоски во Белиот дворец, тоа e ретрограден процес што има за цел да ја уназади државата и да го попречи интегрирањето во ЕУ“. Ваков став изнесоа утринава од владејачката СДСМ во врска со референдумот којшто го иницираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за поништување на Договорот со Бугарија.
 
„Таканаречените активни и пасивни блокади на ВМРО-ДПМНЕ се поради плашливото и кукавичко однесување на Мицкоски, а и иницијативата за референдум е токму тоа - кукавичлук на Мицкоски.
 
Во таквото однесување Мицкоски е сам и изолиран а доказ за тоа се и јавните изјави на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сложуваат со таквите постапки на Мицкоски. 
Во клучни и сериозни времиња, Мицкоски со иницијатива што однапред е осудена на неуспех, сака да го попречи нормалното функционирање на државата, на штета на граѓаните и економијата“, стои во реакцијата на СДСМ. 
 
„Граѓаните нема да дозволат Мицкоски заради лични хирови да ја врати државата назад во време на изолација и поделби. 
Неговите деструктивни политики одново ќе бидат силно поразени“, се додава во партиската реакција.
10.09.2022 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега