Внимавајте! - магла ги покри Страцин, Плетвар и Крушево

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјата се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот, а појава на магла има на планинските превои Страцин, Плетвар и Крушево со видливост од 50-100 метри.

Од ЈП Македонија пат апелираат поради голомразицата и влажните патишта возачите да внимаваат при возењето.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.

Екипите се на терен и ги чистат и одржуваат патиштата.

01.12.2013 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега