Хрватите спроведуваат референдум за уставно дефинирање на бракот

Хрватска денеска спроведува референдум за вклучување во Уставот на дефиниција на бракот како заедница меѓу маж и жена.

Хрватските гласачи ќе одговорат на следното прашање: „Дали сметате дека дефинирањето на бракот како заедница меѓу маж и жена треба да биде вклучено во Уставот на Република Хрватска?“ 

Иако референдумот е подржан од конзервативната опозиција и католичката црква тој предизвика жестока дебата во земјата и ја подели јавноста.

 Референдумот е распишан на барање на здружението, обединето под мотото „Во име на семејството“, кои собраа потписи од над 700.000 граѓани, кои бараат бракот да биде уставно дефиниран како заедница меѓу маж и жена.

01.12.2013 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа