Охрид се подготвува за спектакуларен дочек на новата 2014 година

Општината Охрид и оваа година се подготвува за спектакуларна прослава за Новата година. Како што пренесува Канал 5, целта е градот да биде преполн со туристи се до Водици.

Градоначалникот побара  и бизнис секторот  да се вклучи  во организацијата на новогодишните празници.

- Да напрвиме еден збир на активности во текот на новогодишните празници и празникот Богојавление  со кои што ќе ја обогатиме понудата на гостите и туристите,  кои  имаат намера да присуствуваат во Охрид и на некој начин да допринесеме за проширување на туристичката понуда во Охрид ,вели Никола Бакрачески градоначалник на општина Охрид.

Засега, градоначалникот не открива ниту што се спрема, ниту кои музички ѕвезди ќе ги забавуваат посетителите. Целта е Охрид да биде преполн со туристи.

01.12.2013 - 10:58
Фото: 
мтв1

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега