Со фискални сметки до автомобил и дуќан - започнува наградната игра на Владата

Официјално од денеска започнува наградната игра која ја организира македонската Влада, „Фискална во рака-награда без мака“.

За да учествувате во наградната игра треба да соберете 20 фискални сметки од кој било износ, а со нив играте за главната награда стан и дуќан. Исто така, на секои 45 дена се се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,... 

- Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, информира вицепремиерот и министер за финансии  Зоран Ставрески на прес-конференција. 

Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.

01.12.2013 - 10:10
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега