Се разбудивме на минус осум степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег,додека на планините од снег. 

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до плус степени.

30.11.2013 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега