Ријана донираше 100.000 долари за жртвите на Филипини

Ријана донираше 100.000 долари на УНИЦЕФ за помош на жртвите од ураганот Хаијан на Филипините и ги повика сите кои можат да го направат тоа да го следат нејзиниот пример.

„Кризите се појавуваат на вестите, но опоравувањето продолжува долго време откако камерите ќе си заминат. Затоа што сум фан и го поддржувам УНИЦЕФ, почестена сум што им се предружив во помагањето на децата погодени од ураганот Хаијан“, вели Ријана.

 Пејачката со овој гест покажа дека е хумана и додаде дека повеќе од 5 милиони деца на Филипините чекаат на нашата помош. Таа вети дека ќе се обиде повторно да помогне.

29.11.2013 - 16:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега