Среќа во несреќа - турист преживеа пад од Викторините водопади

Е ова се вика среќен човек. Еден турист од Кина кој доека ги фотографирал Викторините водопати паднал и се здобил само со неколку модринки, соопшти официјално лице од агензијата на Замбија.

Длабочината на водопадот изнесува околу 25 метри, а Ванг паднал од 15 метри висина, на место каде што се наоѓаат карпи, рече за „Франс прес“, Џон Зулу од туристичката организација.

Ванг Шун Суе при несреќата  ја повредил само левата рака.

 

29.11.2013 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега