Споменик на Тито го краси центарот на Скопје

Во пресрет на 29 ноември - Денот на СФРЈ, пред скопската гимназија Јосип Броз Тито, синоќа беше подигнат споменик на маршалот. Голем број лица дојдоа за да му оддадат почит на некогашниот лидер на Југославија. 

Инаку, денеска се одбележуваат 70 години од Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Босна и Херцеговина, на кој што во Втората светска војна, се удрени темелите на новата социјалистичка Југославија. 29 ноември бил прославуван скоро шест децении како државен празник на СФРЈ, а официјално е укинат по повеќе од десет години од распаѓањето на заедницата, ноември 2002 година. 
  
По завршување на војната, од 1945-та година, 29-ти ноември се славел како ден на Републиката и бил еден од најголемите празници во некогашна Југославија. 
 
29.11.2013 - 14:02
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега