Единствена Македонија: Пендаровски да каже со име и презиме кој и од каде 30 години зема странски пари - од Русија или од Сорос и ЦИА

„Марионетата Пендаровски мора да е во очај штом пак ја врти старата приказна во стилот на здодевен агитатор да ги прогласува за руски шпиони оние кои не размислуваат како власта и нејзините странски газди“. Ова го потенцираат во соопштение доставено до медиумите од политичката партија Единствена Македонија.

„Во најновото интервју Пендаровски изјави дека некои политичлки партии во земјата се финансираат со пари од Москва, а истакна и дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Да потсетиме, власта и за време на преспанскиоот договор ја ширеше истата наменска приказна за наводни руски пари и руски инсталации во Македонија и на крај излезе едно големно ништо. Се покажа дека лажните приказни за наводното руско мешање биле со цел дефокусирање на јавноста во очајната подршка за НАТО-интеграциите што се покажа на референдумот од 30 септември 2018 кога народот јасно и порача на власта што мисли за Договорот со Грција и членството во НАТО и ЕУ.

Сега и ова најнова лага на Пендаровски е со цел дефокусирање на јавноста од предавничката политика на власта во врска со најновиот француски документ со кој македонската нација, јазик, историја се подарува на Бугарија“, стои во реакцијата на Единствена Македонија.

Оттаму додаваат: „Лагите на марионетската Пендаровски и неговите странски газди повеќе не поминуваат. Затоа, Единствена Македонија во име на вистината го повикува Пендаровски да каже со име и презиме кој и од каде 30 години зема пари од странство - од Русија или од Сорос и ЦИА“.

30.07.2022 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега