Заев се пишмани - во СДСМ голема поделеност

 

Заев се пишмани. Иако на Извршниот одбор  се заканил дека ќе се повлече од трката за лидер на СДСМ, после еден ден ден го смени ставот. Медиумите финансирани од опозицијата како што на големо пишуваа за неговата одлука за повлекување, сега пишуваат дека останува во игра. Наводно неговиот настап бил погрешно сфатен, а неговата порака била во насока да нема поделби во партијата и сите да се обединат околу еден кандидат. Партиски извори пак  велат дека ваквото однесување на струмичкиот градоначалник е само игра која била договорена со неговиот поддржувач Радмила Шеќеринска. Целта била  да покаже дека е авторитет меѓу членството. Според неофицијалните партиски анкети Заев добро котирал  меѓу кандидатите и од тие причини Игор Ивановски, Зоран Јовановски и Кире Наумов почнале медумска кампања . Покрај обидот да се спречи нивниот засилен настап на терен, заканите на Заев биле и со цел да се спречи се помасовното собирање на потписи за останување на Црвенковски, зад кое стојат Горан Минчев и Наташа Савова.  Дел и од играта било и одењето на Шеќеринска во Струмица, наводно да го разубеди да не се откажува од трката. Press24 ваквагта разврска ја најави уште вчера

И додека Заев се заканува, лобирањето за Црвенковски  се интензивира. Дознаваме дека Минчев работел на тоа да ги убеди кандидатите да се откажат за Црвенковски да остане единствен, а Савова таму каде што има влијание ги разубедувала општинските организации да го кандираат. Според информациите досега 15 општински го номинирале сеуште актуелниот лидер. А покрај на „Бихаќка“, изворите брифираат дека атмосферата се вжештила и во општинските организации.  Се воделе битки кој да биде член на Централниот одбор  и делегат на Конгресот. Најжестока била атмосферата во Кавадарци и Ресен. Роковите за кандидирање течат. Најдоцна до 16 мај ќе биде познато кој се ќе се трка за опозициското кормило.

најчитано сега